Search

Формирано јавно претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро

Министрите на денешната владина седница донесоа одлука за основање на Јавно претпријатие ,,Колекторски систем“. Примарната дејност на јавното претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.

Јавното претпријатие исто така, ќе врши и планирање, изградба, реконструкција и рехабилитација на колекторскиот систем. Средствата за основање на „ЈП колекторски систем“ во висина од 5 милиони се обезбедени од сметката на Владата на Република Македонија

Треба да знаете
Последни објави