Search

ФИТР ќе презентира резултати од Јавниот повик за финансиски средства преку иновациски ваучери

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе презентира резултати  од Јавниот повик за доделување финансиски средства преку иновациски ваучери.

Целта на повикот е да се поттикне соработката помеѓу претпријатијата и академските научно-истражувачки установи, во насока на спроведување иновациски активности.

На презентацијата што ќе се одржи во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје ќе се обратат министерката за образование и наука, Мила Царовска, директорот на ФИТР, Јован Деспотовски и деканот на Факултетот, Дарко Данев.

Треба да знаете
Последни објави