Search

Фитнес експертите пресметале во која поза при секс се трошат најмногу калории

Фитнес експертите од порталот 24/7 Fitness  анализирале различни секс- пози и пресметале кои од нив согоруваат најмногу калории. Како временски мерна единица одбрале половина час (амбициозна или реална, проценете сами).

Сексот за време на кој двајцата партнери стојат ја предводи листата – за време на таквата поза партнерите заедно можат да согорат 343 калории, мажот 198 калории, а жената 145. Ако со помош на сексот сакате дојдете во форма, тогаш треба да го избегнувате таканаречениот spooning, односно лежењето на страна, затоа што се трошат само 56 калории (и мажот и жената трошат скоро исто).

– Врската помеѓу сексот и фитнесот може да се спореди со ситуацијата „кокошка или јајце“. Ако сте во подобра форма, сексот ќе ви биде подобар. А редовниот секс, исто така, ги подобрува вашите перформанси во вежбање – вели Гери Локвуд од 24/7 Фитнес, препорачувајќи секој да вежба редовно и да јаде здраво, не само поради изгледот, самодовербата и здравјето, туку и затоа што тоа ќе ги регулира вашите хормони и ќе ослободи значителна количина на ендорфини кои го намалуваат стресот и го билдаат либидото.

Позата во која мажот лежи, а жената е клекната врз него е најдобра за жените кои можат да потрошат околу 188 калории, додека мажите само 50. Следната најдобра поза за мажите е она што во англо-саксонските земји се нарекува “wheelbarrow” или „количка“.

 

Тоа е поза слична на познатата „кучешка“, кога главата на жената е свртена кон долу, а мажот е зад неа, но со варијација дека нозете му се попораширени од нејзините. Овде мажите трошат 167 калории, а жените 149.

Кога жената е на грб со нозете нагоре и мажот врз неа троши 111, тој 153, а нешто подобро за припадниците на двата пола е позата „лотос“, во кој партнерите трошат 287 калории заедно – 148 тој и 139 таа.

„Кучешката, мисионерската поза и „каубојката “ се на средина на овој список. Во кучешката поза мажот троши 149, а жената 111 калорија, во мисионерската тој 148 калории, а таа 51, а во обратната поза- кај „каубојката“ жената троши 137 калории, а мажот само 50.

 

Треба да знаете
Последни објави