Search

Финалето на Судамерикана преместено во Аргентина поради претседателските избори во Бразил

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) го премести овогодишното финале во Купот Судамерикана од бразилската престолнина во аргентинскиот град Кордоба,

КОНМЕБОЛ соопшти доцна синоќа дека промената е на барање на Фудбалската федерација на Бразил, поради закажаниот прв круг од претседателските избори во земјата за 2 октомври, ден по финалето во Купот Судамерикана.

Финалето во второ по ранг јужноамериканско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот „Марио Алберто Кемпес”.

На истиот стадион во Кордоба се одигра и финалето во Купот Судамерикана во 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави