Search

Филипче: Третманот на останатите пациентите кои немаат Ковид-19 се одвива нормално

– Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција нагласи дека целокупниот тек на третман на останатите пациенти, кои не се заразени со коронавирус се одвива нормално и оти досега не се соочиле со никаков проблем.

– Се направи прераспределба на пациентите тука каде што беше најголемата фреквенција и ударот, а тоа е болницата „8 Септември” и Клиничкиот центар. Дел од пациентите кои беа третирани во одделението за интензивна нега во болницата „8 Септември” се префрлија на Клиниката за анестезија и реанимација за понатамошно интензивно лекување со цел овие капацитети целосно да бидат посветени, исто како и Инфективната клиника за третман на пациети со Ковид-19 вирусот. Во делот на интензивната нега, тоа се прави во секојдневна координација помеѓу директорите на институциите, наша координација и надзор на целокупниот процес од Министерството, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Во таа смисла, додаде министерот, има сосем доволен број на кревети, интензивни легла за третман на овие пациенти, но и за третман на останатите пациенти.

– Со добра организација успеавме овој систем на третман и за другите пациенти целосно да биде под контрола, рече Филипче.

Тој посочи дека веќе е направена прераспределба на машини, приклучоци и кревети кои ги имаат, а кои досега не биле за интензивно лекување и според него, во овој момент има сосем доволен капацитет на кревети за лекување на пациентите.

Треба да знаете
Последни објави