Search

Филипче се стекнал со илјадници м2 имот на Водно по багателни цени неколку пати пониска од пазарната

Документите кои што се јавно достапни јасно укажуваат дека само со хибриден режим е можно семејство на министер, директор на државна Клиника и приватна фирма која што инкасира речиси 8 милиони евра од министерството можат заедно да имаат имот и да градат 5 касарни на Водно и за тоа ниту една државна институција да не реагира.

Министерот Филипче призна дека семејството на неговата сопруга заедно со директорот на клиниката и нивниот бизнис партнер поседуваат над 15.000 м2 на Водно. Во Шпанско село не само што во моментов се градат две касарни туку уште 3 такви се предвидени за градба.

Ниту Филипче, ниту неговиот директор не постапиле согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за Јавните набавки во делот на судир на интереси. Министерот призна дека лично склучил договор за јавна набавка со фирмата Синерџи фирма на неговиот партнер во Шпанско село 2, тој се јавува како сосопственик во Шпанско Село 2 заедно со директорот и со семејството на Филипче. И сега заедно инвестираат. Ниту пак директорот не постапил согласно овие два закони и потпишал договор за јавна набавка со Синерџи.

Почитувани,

Следуваат докази нови од кои што ќе се види можноста со купопродажните договори да биле измамени продавачите, а оштетени се и буџетите на град Скопје и на општина Карпош.

Почитувани,

Видно од сите купопродажни договори е дека инвеститорите купуваат ниви по цени од 10 до 25 евра по м2, иако за селото Нерези уште во 2014 година е донесен општ акт за село и согласно член 12 од Законот за просторно и урбанистичко планирање „Катастарската парцела претставува градежна парцела“ па оттаму уште од 2014 година ова земјиште е градежно земјиште.

Еве го Урбанистичкиот план од 2014 година, јавно објавен на Веб страната на општина Карпош.

Треба да знаете
Последни објави