Search

Уште една актерка го обвини Бранислав Лечиќ дека ја силувал

Една од најголемите млади актерски sвезди на поранешна Југославија, денес психолог, Мерима Исаковиќ, во текст за магазинот „Неделник“ го обвини актерот Бранислав Лечиќ дека ја силувал пред 43 години.

Мерима Исаковиќ беше една од најголемите млади актерски sвезди на Југославија. Ја играше насловната улога во филмот „Јован Лукин“, а на 21 година доживеа тешка сообраќајна несреќа.

По завршувањето на докторските студии по психологија и магистерските студии по клиничка психологија, таа сега живее и работи во Австралија.

Таа вели дека актерот Бранислав Лечиќ ја силувал кога имала 18 години.

Ова се кратки извадоци од нејзиното сведоштво за тоа што го доживеала како студентка по глума:

„Имав 18 години. Есен 1978. Ме втурна во стан. Ми го соблече фустанот. Не се обидувај да врискаш. Никој нема да те слушне. Ме турна на подот. Чувствувам како ме крши. Боли секоја коска. Само не вака. Те молам Господе. Ако успее, вечерва ќе умрам. Ужива во мојот страв“.

„Јас ти простувам“, му реков тогаш, пред четириесет години. „Простувам, но не заборавам. Никогаш нема да ја разбереш болката што ми ја нанесе. Повеќекратна болка. Ако некогаш слушнам дека сте му нанеле слична болка на некого, ќе им кажам на сите што се случило“.

Јас го одржав зборот.

Се чини дека Бранислав Лечиќ не.

Чувствувам морална обврска да го споделам моето искуство во надеж дека моето признание ќе биде поддршка на Даниела Штајнфелд и другите жртви на сексуална злоупотреба …“

Треба да знаете
Последни објави