Search

Утре сончево време со умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност, во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Преодно стабилизирање на времето се очекува во среда.

Треба да знаете
Последни објави