Search

Утре пороен дожд, грмежи и ветер

Во текот на утрешниот празничен ден на повеќе места ќе има поизразена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално тоа ќе биде во форма на невреме со пообилен пороен дожд и појава на град.

Нестабилно ќе биде и вo петок, особено во западните и јужните делови. Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.

Треба да знаете
Последни објави