Search

Успешна и мотивациска јавна дискусија и дебата за националната стратегија за соработка со дијаспора, со нашата дијаспора од Шведска

Во рамките на работната посета на Кралството Шведска и Данска, денеска министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, придружуван од Директорот на Агенцијата за Иселеништво Никола Шалваринов, во Малмо, Шведска оствари средба со претставници на дијаспората од Република Северна Македонија во Шведска, во која беше презентирана Националната стратегија за соработка со дијаспората и Акцискиот план, како први вакви документи, од независноста до денес.

Во своето излагање, министерот Едмонд Адеми, ја акцентираше важноста на дијаспората, и во таа насока нагласи дека во наредниот период Владата на РСМ, и тој како министер задолжен за дијаспората остануваат отворени за соработка со дијаспората во рамките на заедничкиот интерес.Информираше за важноста на нациналната стратегија за соработка со дијаспората, документ кој треба да претставува основа на институционално поврзување на државата и дијаспората.

Националната стратегија за соработка со дијаспората и Акцискиот план, по детално преку power point презентација, беше презентирана од стрна на кабинетскиот советник на министерот, Марио Михајлов. После презентацијата беше отворена дискусија и дебата  со активно присуство на присутните со  различни коментари и прашања  на кои министерот Адеми и директорот на агенцијата Шалваринов одговорија.

Покрај дискусијата и јавната дебата околу националната стратегија, министерот ги информираше присутните за престојните претседателски избори и начинот како истите можат да го користат своето право на глас.

Треба да знаете
Последни објави