Search

УЕФА се приклучи во проектот „Создаваме животни шампиони“

 Фондацијата за деца на Европската фудбалска федерација (УЕФА) годинава како донатор се приклучи на проектот „Создаваме животни шампиони”.

Овој проект кој ќе се имплементира во период од две години е поддржан од страна на Ерасмус + програмата на Европската Унија.

– Повеќе од 1000 деца, 500 тренери и 200 родители, ќе поминат низ процесот на воспитување преку спортот, затоа што тие се алката која ни недостасува. Со овие активности, сме убедени дека сме подготвени да создадеме нови генерации на млади луѓе, со оглед што сите активности кои се планирани во период од две години се бесплатни за сите деца. Преку овие активности, сакаме да испратиме пораки за обединување и да се испрати вистинската порака на најмалите. Пораката од овој проект е дека преку игра и спорт, да ги подготвиме децата на тоа што ги чека во нивниот натамошен живот, кажа Бојан Трипуноски од Синдикалниот центар за едукација и обуки.

Проектот обединува партнери од спортскиот, младинскиот, образовниот и истражувачкиот сектор и тоа од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Бугарија, Португалија и Турција, додаде Трипуноски.

Моделот на работа на проектот “Создаваме животни шампиони” ќе биде применет и на кампот ДЕКИ 5 на фудбалерот Дејан Станковиќ и Академијата Пандев на македонската легенда Горан Пандев, а исто така од оваа година, се приклучија и фудбалските клубови Анаталија Спорт од Турција и Лудогорец од Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави