Search

УЕФА може да дозволи гледачи на натпреварите од Лигата на шампионите

Европската фудбалска федерација размислува да ги прими навивачите на натпреварите во Лигата на шампионите, во случај на одобрување од локалните власти, објави „Мундо Депортиво”.

Според изворот, овој чекор ќе им помогне на клубовите да ги намалат загубите од пандемијата на коронавирусите и ќе им овозможи да заработат пари од продажба на билети.

За потсетување, сите натпревари од квалификациите во Лигата на шампионите се одвиваа без гледачи.

Ждрепката за групната фаза во ЛШ е попладнево со почеток во 17 часот.

Треба да знаете
Последни објави