Search

УЕФА го менува офсајд правилото поради „случајот Мбапе“

УЕФА разгледува опција да се промени правилото, кое му овозможи на Килиан Мбапе да постигне погодок за победа во финалето од Лигата на нации против Шпанија.

Голема прашина се крена околу оваа спорна ситуација. Камерите покажаа очигледен офсајд на репрезентативецот на Франција, но судијата не ја прекина акцијата и го призна голот бидејќи Ерик Гарсија со намера играше со топката.

Шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кажа дека Ентони Тејлор донел правилна одлука. Меѓутоа начинот на кој што моментално се толкува правилото носи проблеми меѓу фудбалските вљубеници, па тоа е причина за оваа реакција од страна на европската куќа на фудбалот.

Судиите на тоа гледаа како на намерен допир, кој ја „ресетираше“ играта и затоа офсајд не беше досуден.

– Главниот судија Ентони Тејлор донесе вистинска одлука, врз основа на постојните правила и официјална интерпретација. Гарсија намерно играше со топката и противничкиот играч (Мбапе) немаше никакво влијание врз играта во тој момент. Но, од друга страна овој случај покажува дека сегашната интерпретација на правилата се спротиставени со духот на тие правила, кои треба да го спречат играчот да ја искористи предноста на офсајд позицијата,вели Росети.

За брзо време правилото ќе добие нова формулација, за да се избегнат слични дебати во иднина. Тоа ќе се направи за да се задржи т.н „дух на играта“.
И тоа нема да биде единствената новина во врска со офсајдите во текот на натпреварите…

Треба да знаете
Последни објави