Search

Уапсен претседателот на венецуелскиот Парламент

Припадниците на разузнавачките служби во Венецуела го уапсиле Хуан Гаида, претседател на Парламентот, соопштија пратениците и неговата сопруга.

Парламентот е единствената институција во земјата под контрола на опозицијата.

„Разузнавачката служба го уапси Хуан Гаида”, напиша неговата сопруга Фабијана Розалес на „Твитер“.

Пратениците, кои го чекале Гаида на состанок, кој требало да се одржи на околу 40 километри од Каракас, ја потврдиле вест за неговото апсење.

По апсењето на профилот на Гаида на „Твитер“ се појавила порака за неговото апсење, но во неа пишувало дека не се знае каде се наоѓа тој.

 

Треба да знаете
Последни објави