Search

Уапсен делчевец кој нападнал државен инспектор

На граничниот премин „Делчево“ во попладневните часови на 12 февруари уапсен бил 58-годишник од делчевското село Звегор бидејќи физички нападнал инспектор од Државниот инспекторат за патен сообраќај и транспорт.

До инцидентот дошло при обид на инспекторот да изврши преглед и контрола на автомобил „опел“, со бугарска регистрација, кој го управувал 58-годишникот.

Фелчевецот бил приведен во Полициската станица за Граничен премин Делчево и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави