Search

Уапсен газдата на Сампдорија за финансиски криминал

Контроверзниот Масимо Фереро, газдата на поранешниот италијански фудбалски првак и екс-финалист во КЕШ, Сампдорија од Џенова е уапсен денеска за финансиски малверзации со една од неговите бројни фирми кои ги поседува. Фереро е уапсен поради корпоративен криминал и лажен банкрот за една од фирмите, а контроверзниот газда веќе од поодамна е под најразлични истраги за финансиски криминал.

Фереро основа фирми, ги задолжува и потоа со лажен банкрот ги измамува доверителите. Во целиот овој случај, Сампдорија не е поврзана, а покрај газдата, уапсени се и неговата ќерка Ванеса и блискиот роднина Џорџо.

На чело на Сампдорија Фереро е од 2014 година кога ја купи од семејството Гароне, ама пред два дена во интервју за „Ла Република“ објави дека е уморен и сака да го продаде клубот, па бара инвеститори за него. Инаку Фереро од поодамна е под истрага и за перење пари за трансфер на Педро Обијанг кој за 6,5 милиони евра замина од Сампдорија во Вест Хем во 2015 година, ама парите не завршија на сметка на клубот, туку на сметка на некоја од многуте фирми на газдата.

Треба да знаете
Последни објави