Search

Турција тврди дека Курдите се повлекуваат од североисточна Сирија

 Турската војска денеска соопшти дека внимателно го следи повлекувањето на курдските борци од североисточна Сирија и дека регистрирала дека најмалку 125 возила со борци го напуштиле подрачјето.

Војската наведува дека регистрирала и 36 прекршувања на петдневното примирје, воспоставено со посредување на САД.

Турција најави продолжување на офанзивата доколку курдските борци до утре вечер не ја напуштат пограничната зона, кога всушност завршува примирјето.
Американската Влада посредуваше во постигнување на примирјето по жестоките критики дома и во странство  дека ја овозможи турската офанзива со повлекувањето на американските војници од североисточна Сирија.
Треба да знаете
Последни објави