Search

Тупанчевски во дводневна посета на Хрватска

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Република Хрватска, при што ќе оствари билатерална средба со министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица.

Како што соопштија од Министерството за правда, целта на посетата е продлабочување на меѓусебната соработка во областа на правдата и евроинтегративните процеси.

Двајцата министри ќе се обратат и на Загребско-скопскиот колоквиум кој ќе се одржи на Правниот  факултет во Загреб.

Треба да знаете
Последни објави