Search

Туниски суд осуди на доживотен затвор седум лица за нападите од 2015

Туниски суд осуди седум лица на доживотен затвор за вмешаност во два напади во 2015 година, во кои загинаа повеќе десетици луѓе, повеќето странски туристи, јавија локалните медиуми повикувајќи се на судски претставник.

Во март 2015 година, 21 турист и еден туниски полицаец загинаа при напад на Националниот музеј Бардо во главниот град Тунис. Три месеци подоцна, 38 туристи, од кои повеќето беа Британци, беа убиени во напад во хотел во крајбрежниот град Сус.

Одговорноста за двата напади ја презеде милитантната група Исламска држава.

Треба да знаете
Последни објави