Search

Тужба против Тајгер Вудс откако вработен загина во сообраќајна несреќа

Семејството на маж од Флорида, кој наводно бил пијан кога со својот автомобилот доживеал сообраќајна несреќа, ги тужи Тајгер Вудс, неговата девојка и неговиот ресторан, велејќи дека тие требало да се погрижат човекот да не пие премногу.

Николас Имесбергер (24) почина на 10 декември во близина на ресторанот на Вудс „Јупитер“.

Тужбата ги обвинува Вудс и неговата девојка Ерка Херман, која воедно е и генерален менаџер на ресторанот за смртта на Имесбергер, кој таму работел како шанкер.

Во тужбата, поднесена од родителите на Имесбергер, се вели дека тој ја завршил својата смена во 3 часот, по што пиел во барот до речиси 6 часот и набргу потоа загинал во сообраќајна несреќа.

Нивото на алкохол во крвта на Имесбергер било .256 промили, односно три пати повеќе од законски дозволената граница. Во полицискиот извештај се вели дека тој возел сo околу 110 км/ч.

Во тужбата, исто така, се тврди дека вработените знаеле дека Имесбергер бил алкохоличар и дека претходно имал уште една сообраќајна несреќа под дејство на алкохол.

Според тужбата, Вудс и Херман знаеле за истото, но пиеле со Имесбергер само неколку ноќи пред фаталната несреќа. Семејството на загинатиот во тужбата тврди дека вработените и менаџментот на ресторанот промовирале пиење од страна на вработените.

Треба да знаете
Последни објави