Search

Тројца скопјани од кој еден малолетник фатени со марихуана и прашкаста материја

Вчера во 21:20 часот на ул.„Шидска”, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 22:45 часот на бул.„Партизански одреди”, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу еден часот на ул.„Женевска”, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави