Search

Три часа распит на Кичеец, утре на ред е Јанева

По три часа распит Зоран Милески викан Кичеец го напушти обвинителството исто како што дојде, во затворското комбе дознава Телма.

Тоа се паркира до вратата на дворот во обвинителството и Кичеец директно беше префрлен внатре.

Никој од новинарите не го виде. Но со него разговараше обвинителката Вилма Рускоска. Нема детали за распитот со носачот на милионот во Луј витонот, кој треба да одговори каде се однесени еврата од случајот со рекетот кој го пријави Орце Камчев.

Ова е прв распит на осомничен во случајот со рекетот, откако истрагата беше отворена на 15-ти јули. Поканата за Кичеец била испратена во Шутка во петокот, а досега според информациите на Телма не е пратена покана од Шутка на распит да биде донесен првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13. Милески-Кичеец го има на видеото со кешот од еден милион, тој ја носи торбата која според снимките од доказниот материјал, а објавени и во италијанска Ла верита, претходно е наполнета со еден милион евра во кеш.

Од обвинителството досега не соопштија дали откриле каде завршиле вкупно милион и пол евра кои Камчев им ги дал на двајцата.

Само кратко соопштија дека се врши и финансиска истрага и дека се проверуваат сметки и сефови. Камчев кој е осомничен во случајот на СЈО Империја ги дава парите и преговара со Боки 13 и Кичеец за полесни мерки во истрагата на СЈО, а на италијанските бомби се слуша и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Во обвинителството денеска била и Лилјана Тодоровска, пензионерката која за 720 илјади евра ја продала идејата за европски центри за возрасни лица. Парите кои ги добила од бизнисменот Силјан Мицевски ги извадила во кеш и во телефонски разговор за Телма тврдеше дека и биле земени од жена од Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Тодоровска е дел од вториот крак на историјата на Боки 13 и со нејзиниот распит истрагата почна да го зафаќа и тој дел од сомнителните зделки на Јовановски.

Денеска Тодоровска само ни потврди дека била да даде исказ без никакви детали.

-Сега е време за тишина, кратко ни рече телефонски Тодоровска, која на распит била во 10 часот наутро. Во исто време но утре на распит ќе биде специјалната обвинителка Катица Јанева. Досега во истрагата се сослучани тројца обвинители на СЈО, Стефанова, Рустеми и Јосифовска, како и шефицата на кабинетот на Јанева.

Целиот линк погледнете го тука: https://telma.com.mk/tri-chasa-raspit-na-kicheets-utre-na-red-e-janeva/

Треба да знаете
Последни објави