Search

Три лица утрово паднале како покосени и починале на улиците по Загреб

 

Што се случува во Загреб !? Ова е прашањето кое си го поставуваат граѓаните денеска претпладне во престолнината на Хрватска, каде на јавно место, улици се случиле три смртни случаи !

Најпрво во 5,20 часот на автобуска станица на Загребски пат спроти Рајфајзен банка, паднал како покосен С.Л. (55 г.) и починал на самото место. Подоцна околу 6.40 часот на Трепчанска улуца починал Иван Б (63) кој движејќи се по улицата паднал и недавал знаци на живот.

Третата пријава полицијата ја добила во 10,30 часот за починат човек на автобуска станица Чрномерец. Идентитетот на ова лице не е познат, а според првичните информации во сите три случаи се работи за природна смрт.

 

 

Треба да знаете
Последни објави