Search

Трамп: Единствен проблем на американската економија е Централната банка

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека единствениот проблем на националната економија е Централната банка.

– Единствениот проблем што нашата економија го има е Управата за федерален развој. Централните банкари не го чувствуваат пазарот, не ги разбираат трговските војни или силниот долар, па дури и стопирањето на работата од страна на федералната Влада поради позицијата на демократите против изградбата на ѕид на границата со Мексико, напиша Трамп на Твитер.

Тој ја спореди американската Централна банка со играч на голф, кој има сила, но не може да ја внесе топката во дупката, затоа што е неспособен да го нанесе неопходниот лесен удар.

Во меѓувреме, берзанските индекси во САД продолжија да опаѓаат и денеска, и покрај напорите на администрацијата на претседателот да го спречи падот.

Треба да знаете
Последни објави