Search

Трамп во Велика Британија пречекан со необични пораки

На американскиот претседател Доналд Трамп, кој од денеска е во посета на Велика Британија, за добредојде му нацртале пенис.

Автор на „уметничкото дело” е ученик Оли Ненкароу (18) од  селото Хартфилд Хит  во областа Есекс. Тој нацртѕа  „Oi Trump”, типичен британски поздрав и машки полов орган.

Натаму во пораката се истакнува и дека „климатските промени се реалност”, алудирајќи на тоа дека американскиот претседател се откажа од Парискиот договор за климата.

Тинејџерот целиот изминат викенд со тревокосачката ја обликувал својата порака во својот двор, со потполна согласност од неговите родители. Се надева дека Трамп веќе ја прочитал неговата порака при слетувањето.

Треба да знаете
Последни објави