Search

Тотенхем ја зголемува понудата за Шкрињар

Тотенхем се чини дека е подготвен на сè за да го привлече дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар. „Петлите” се подготвени да ја зголемат понудата за Словакот, во надеж дека ќе постигнат договор со „нероазурите”, пренесува „TMВ”.

Првичната понуда на Тотенхем за централниот дефанзивец вредеше 50 милиони евра, но беше одбиена. Сега тие се подготвени да ја зголемат својата понуда на 60 милиони евра, што ја постави Интер.

Сега газдите на „нероазурите” сериозно го разгледуваат овој предлог, бидејќи самиот фудбалер изразил желба да биде продаден.

Нема да биде изненадување ако зделката биде финализирана во наредните денови.

Треба да знаете
Последни објави