Search

Тим го победи Нишикори и чека пораз на Федерер за полуфинале на Лондон

Австрискиот тенисер Доминик Тим ја постигна првата победа во третото коло на завршниот мастерс турнир во Лондон, чиј награден фонд изнесува 8,5 милиони долари.

Шестиот носител на турнирот го совлада едно место пониско рангираниот во шемата, Јапонецот Кеј Нишикори со 6:1, 6:4 за 84 минути игра.
Нишикори ја повтори слабата игра од претходниот дуел против Кевин Андерсон кога освои само еден гем, иако на стартот од турнирот го победи Роџер Федерер. Јапонецот имаше 41 неизнудени грешки, односно 20 повеќе од противникот.
Со поразот, Нишикори ги загуби шансите да се пласира во полуфиналето, додека Тим треба да се надева на победа на Јужноафриканецот Андерсон над Федерер во последниот меч од групата, за да се пласира меѓу четворицата најдобри. Сепак, на Швајцарецот му е потребен само сет да се пласира понатаму.
Андерсон е веќе сигурен полуфиналист со две победи по два натпревари.
Треба да знаете
Последни објави