Search

Тејлор Свифт патува во куфери за да ги избегне папараците

Поранешниот член на популарниот бенд One Direction, Зејн Малик (25) во интервју за декемвриското издание на магазинот „Vogue“ рекол дека американската поп ѕвезда, Тејлор Свифт (28) има специфичен метод на криење од папраците.

Додека многу ѕвезди избираат перики и гломазни очила за сонце, пејачката се чини дека бега од љубопитните новинари и фотографи криејчи се во куфери.

 

Некои медиуми уште лани објавија бизарна приказна за поп- принцезата откако во јавноста излезе трач дека Свифт од својот апартман во Менхетен ја изнеле двајцата телохранители во огромен црн куфер.

Секогаш го прави тоа кога не сака да се фотографира … Таа многу често патува и тоа буквално во куфер, изјави Малик, кој со Свифт  соработуваа на песната работеле на песната “I Don’t Want To Live Forever” од саундтракот за блокбастерот „Педесет нијанси потемно“.

Треба да знаете
Последни објави