Search

Тешко повреден војник во касарна во Тетово

На 12.04.2019 во 14,00 часот во ПС-Тетово било пријавено дека во воениот објект касарна „Еребино“, околу 11,00 часот И.А (59) од Гостивар,   вработен во АРМ, одговорен на одделот за уништување на муниција и експлозивни средства се здобил со тешки телесни повреди. Според пријавеното, додека И.А. заедно со  Б.З.  и В.Џ.,  вработени во АРМ, постапувале при деактивирање на инфлатори, И.А. се здобил со тешка телесна повреда-фрактура и бил пренесен во болницата во Тетово, а од таму во Ургентен центар- Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави