Search

Тетовски тинејџер прегазил пешак во Скопје

На 09.09.2019 во 16.20 часот на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од с.Седларе, тетовско, удрил во пешакот Џ.Х.(46) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Х., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави