Search

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили. Одлуката доаѓа како одговор на епидемијата на морбили која е прогласена на целата територија. Министерот за образование, Арбер Адеми, оцени дека кампањата не е агресивна.

„Мислам дека воопшто не е агресивна кампањата, а треба да биде агресивна имајќи ја предвид ситуацијата со која се соочуваме. Имаме епидемија и недозволиво е институциите да стојат со скрстени раце, туку треба да бидат поактивни, да излезат на терен и да ја подобрат ситуацијата“, рече вчера министерот.

Адеми изрази увереност дека теренската вакцинација ќе ги даде очекуваните резултати.

Пред три дена во Македонија беше прогласена епидемија на ситни сипаници на целата територија. Комисијата за заразни заболувања донесе одлука да се забрани да се носат невакцинирани деца во градинките.

Треба да знаете
Последни објави