Search

Тен Хаг останува во Ајакс до летото 2022 година

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг ќе остане на чело на тимот уште најмалку три години, откако потпиша нов договор со гигантот од Амстердам.

Сегашниот договор на експертот истекуваше на крајот на следната сезона, но тој го продолжи до летото 2022 година. Така се става крај на шпекулациите дека Тен Хаг ќе преземе некој од големите европски тимови.

– Многу сум среќен. Имавме одлична сезона и сакаме тоа да биде основа, над која ќе се надградиме. Клубот одлично работи на секое ниво, тоа е стилот на Ајакс и тоа ми одговара, вели среќниот тренер за сајтот на клубот.

Ерик тен Хаг запиша домашен „дубл” во Холандија со Ајакс – шампионат и Куп, а освен тоа стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, откако секунди го делеа тимот од финалето. 49-годишниот стратег ја освои наградата „Ринус Михелс” за најдобар тренер во Ередивизи.

Ајакс ги започнува подготовките за новата сезона утре, петок, 21 јуни.

Треба да знаете
Последни објави