Search

Телма: Сите од „Крвавиот четврток“ сакаат помилување, Нинџа последен поднел барање

Телма: Сите од „Крвавиот четврток“ сакаат помилување, Нинџа последен поднел барање

Претседателот Ѓорѓе Иванов на три годишнината од масовното помилување од истрагите на СЈО, е исправен пред нов предизвик. Сите осудени од процесот за „Крвавиот четврток“ побарале да бидат помилувани. Последен бил Александар Василевски Нинџа кој во своето сведочење пред судот токму за луѓе од кабинетот на Иванов потенцираше дека биле во комуникација со ВМРО-ДПМНЕ вечерта на 27 април. Барањата сите ги испратиле преку своите семејства, а не преку адвокатите организирајќи се во затворот во Шутка каде ги издржуваат притворите.

Според неофицијални информации и дел од осомничените организатори имаат побарано амнестија, но нивните адвокати но и семејства не потврдуваат. Според информации на телма екс директорот на УБК Владимир Атанасовски кој е меѓу осомничените поднел барање, но неговиот адвокат во телефонски разговор вели дека за такво нешто не е информиран и покрај тоа што пред два дена во затворот се видел со Атанасовски. Инаку сите осудени се уште не ги издржуваат казните бидејќи пресудата не е ни напишана, не е правосилна а и имаат право на жалба. И покрај тоа сите побарале да започнат со издржувањето поради лошите притворски услови.

Затворски казни за терористичко загрозување на уставниот поредок добија сите 16 обвинети, за седумнаесеттиот Сашо Марквоски кому му се суди одвоено се уште трае процесот, но и тој барал помилување. И покрај тоа што деновиве во јавноста се отвори прашањето дали Иванов на крајот од својот мандат смее да помилува, сепак адвокатите и осудените се убедени дека има право на ова.

Извор: Телма

Треба да знаете
Последни објави