Search

Суд во Мароко изрече три смртни казни за убиството на две скандинавски туристки

Суд за борба против терозимот во мароканскиот главен град денеска на три лица им изрече смртна казна за убиството на две скандинавски туристки во земјата во декември минатата година, пренесоа западните агенции.

Убиството беше извршено во име на терористичката организација Исламска држава, потсетуваат француските медиуми.

Еден од осудените е 25-годишниот радикализиран трговец Абделсамад Еџуд, кој призна дека го организирал убиството на двете жени, заедно со своите двајца соучесници, Јунес Узијад (27) и Рашид Афати (33).

Данкињата Луиза Јесперсен (24) и 28-годишната Норвежанка Марен Јуеланд беа убиени додека биле на екскурзија во оддалечениот регион во планините Атлас,што се наоѓаат во јужниот дел на Мароко.

Иако во оваа земја и натаму се изрекуваат смртни казни, во неа од 1993 година де факто се применува мораториум врз извршувањето на смртната казна, а во моментов има дебата дали ваквата пракса да се укине, забележуваат француските медиуми.

Во процесот што се води за убиството на младите Скандинавки им се суди на вкупно 24 лица, а дел од нив се осомничени за учество во подготовка на убиството, додека други за припадност кон џихадистичката ќелија. Останатите 21 осомничени добија казни од  пет години до доживотен затвор.

Треба да знаете
Последни објави