Search

Судир на патнички воз и товарна локомотива во Србија, 15 повредени

Најмалку 15 луѓе се повредени рано утрово во 6 часот, кога на пругата во белградската населба Рипањ се судриле патнички воз и товарна локомотива, пренесуваат српските медиуми.

Како што изјавил портпаролот  Мирко Лутовац, можно е да има и лица со тешки повреди.

На терен се две лекарски и една транспортна екипа. Железничкиот сообраќај е во прекин. Според информациите, несреќата се случила во близина на тунел на пругата.

Треба да знаете
Последни објави