Search

Стојанов по речиси илјада дена рехабилитација пак застана на голот

Бугарскиот голман Владислав Стојанов се врати на зелениот терен, и тоа по пауза од две и пол години. Стојанов се повреди во мај 2017 година, и имаше неколку операции по кои му се закануваше опасност и од ампутација на левата нога. За среќа, тој целосно закрепна и денеска бранеше за вториот тим на Лудогорец, клуб за кој бранеше и во Лигата на шампионите пред неколку сезони.

Вториот тим на Лудогорец загуби од Хебар во натпреварот од втората бугарска лига, но најважно е дека Стојанов повторно е меѓу стативите, испраќајќи порака до спортистите кои имаат повреди дека не треба никогаш да се откажуваат и дека желбата за играње е посилна од проблемите.

Треба да знаете
Последни објави