Search

Стефковски: Дополнителни 500.000 денари финансиска поддршка за ФК Скопје

Денес 28.09.2022 година, Советот на општина Гази Баба ја оддржа својата редовна шеснаесета седница на која беа разгледани и усвоени повеќе одлуки. Помеѓу одлуките кои беа донесени, Советот донесе Одлука со која се доделени 500.000 денари дополнителна финансиска поддршка за ФК Скопје кој потекнува од општина Гази Баба.

За донесената одлука, градоначалникот Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Дополнителни 500.000 денари финансиска поддршка за ФК Скопје!
На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба на предлог на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата донесе одлука за определување на 500.000 денари дополнителна финансиска поддршка за ФК Скопје.
Фудбалскиот клуб Скопје преставува фудбалска гордост за општина Гази Баба и е наш преставник кој се натпреварува во првата фудбалска лига.
Како градоначалник дадов поддршка на предложената одлука.
И мојата и поддршката на општина Гази Баба, ФК Скопје ќе ја има и во иднина! – напиша Стефковски.

Треба да знаете
Последни објави