Search

Стартува наплата за возење по најкривулестата улица во светот

Илјадници туристи наскоро би можеле да бидат принудени да резервираат и да плаќаат за возењето низ светски познатата кривулеста улица.

Се работи за улицата Ломбард во Сан Франциско. Пратениците во парламентот на Калифорнија го одобрија предлог-законот со кој Сан Франциско се овластува да воведе системи за наплата и резервација за минување низ улицата Ломбард.

Предлог-законот допрва треба да биде потпишан од гувернерот Гевин Њусом. Управата за сообраќај на округот Сан Франциско препорача цената за минување по улицата за време на викендите и празниците да биде 10 долари, а во работните денови 5 долари.

Богатите жители на тој рид, каде што домовите се меѓу најскапите во градот, велат дека нивната живописна улица Ломбард е богато украсена со цвеќиња и растенија за кои тие се грижат, но дека поради големата посетеност се повеќе наликува на забавен парк.

Тие со години апелирааат властите да го решат пробелмот со сообраќајниот метеж и љубопитните туристи, како и ѓубрето кое се собира на улицата и завршува во нивните дворови.

Треба да знаете
Последни објави