Search

Старец натепа разбојник кој сакаше да го ограби

Седумдесет и седумгодишен маж од Кардиф, Велс храбро му се спротивставил на крадец, кој се обидел да го ограби. Тој стоел пред банкомат кога му се приближил непознат човек и му побарал пари, а сакал да му ја земе и кредитната картичка.

Embedded video

Сепак, старецот не дозволил да биде ограбен, па се степал со разбојникот, кој побегнал по неочекуваната борба.

Старецот го пријавил случајот во полиција и го опишал напаѓачот.

„Жртвата покажа голема храброст, но беше видно потресен. Замолваме сите оние коишто ќе го препознаат осомничениот да го пријават во полиција. Разбојникот носел црна јакна со флуоресценет елек, чанта и црн шешир со бел мотив на предната страна“, изјави полиацецот Стефан Мајне.

Треба да знаете
Последни објави