Search

Средба на министерот Спасовски со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ и со директорот на ХС Продукт, Жељко Павлин.

МВР соопшти дека на средбата министерот Спасовски изрази благодарност за досегашната успешна соработка помеѓу двете пријателски земји, како и за целокупната поддршка што Република Хрватска и ја дава на Република Северна Македонија во  евроинтеграциските процеси за пристапување кон ЕУ.

Изрази уверување дека и во наредниот период остануваат посветени на заедничките иницијативи и проекти од интерес за двете земји.

Директорот на ХС Продукт, Павлин, како што наведува МВР, на средбата со Спасовски  изрази задоволство од досегашната соработка, со надеж дека и во иднина таа ќе продолжи со несмален интензитет.

Треба да знаете
Последни објави