Search

Србија утре ќе добие поригорозни мерки во борбата со коронавирусот

Членот на кризниот штаб на српската влада, епидемиологот Предраг Кон изјави дека медицинскиот дел на штабот доставил до премиерката Ана Брнабиќ, нови построги мерки  во борбата со пандемијата која ја наметна коронавирусот. Кон за РТС истакна дека на седницата на кризниот штаб медицинскиот дел инсистирал дека при ваква катастрофална систуација со бројките за новозаразени не може да се заврши состанокот без да бидат препорачани поригорозни мерки.

-Затоа продолживме со работа и напишавме предлог кој ѝ беше доставен на претседателката на владата“, кажа Кон но не спомна за какви мерки станува збор, освен тоа дека ќе бидат поригорозни од постоечките.

На прашањето што ќе се случи ако владата не го прифати предлогот, Кон одговори дека е „тешко возможно“ тоа да се случи.

Белград денес со 2.208 позитивни на коронавирусот повторно беше прв меѓу градовите со најмногу новозаразени, во денот кога Србија го забележа новиот последователен рекорд по бројот на новоинфицирани и смртни случаи со 6.254 позитивни и 30 умрени.

Кон за РТС предупреди и дека погребот на српскиот патријарх Иринеј, кој умре утринава во 91 година од  животот како последица на заразата од кронавирусот ќе биде ризичен.

-Голем ризик е погребот на патријархот Иринеј. Моја должност е тоа да го кажам – таквиот собир не е епидемиолошки прифатлив, но никој не може да го забрани, кажа Кон и апелираше до сите кои, и покрај предупредувањата, ќе присуствуваат на погребот на поглаварот на СПЦ да носат маска, да водат сметка за дистанцата и да се обидат да избегнат секаква можност за зараза.

Треба да знаете
Последни објави