Search

Спасовски и Илиевски од Зелен рид и 3 МУБ: Темелите се на прво место, градиме за народот, асфалт наместо кал во Куманово

Денеска Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, заедно со потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски оствари средби со граѓаните од Зелен рид и 3 МУБ, кадешто зборуваше за современа инфраструктура и идните проекти во соработка со централната власт.

“Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секојa општина, во секој град, секое село. Ќе продолжат инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, и поддршка на инфраструктурата неопхдна за развој на алтернативниот туризам. Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија.”

Тој потенцираше дека само со СДСМ нема грешни проекти, затоа што градат законски и дела сите проекти на централната власт се доказ повеќе дека работиме посветено за секоја една општина во нашата земја.

Илиевски ги потенцираше проектититр Мок Еколог, за чист и зелен град, проектот за модерен градски плоштад со шеталиште и подземни сообраќајници, за гасификација, за детски катчиња и спортски игралишта, како и нови паркинг места кои се од исклучителна важност за овие две урбани заедници.

Оливер Спасовски, потпретседателот на СДСМ, истакна дека во изминативе 4 години посебна грижа е водена за локалните патишта и инфраструктурата во општините.

“Преку Проектот за локални патишта, којшто е дел од тековната соработка со Светска банка и се спроведува преку Министерството за транспорт и врски, седумдесет милиони евра беа наменети да се распределат на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа. Со оваа директна помош од 500.000 евра до 2 милиона евра по општина (во зависност од проектот со којшто ќе аплицираат), силно инвестираме во локалната инфраструктура во општините.”

Треба да знаете
Последни објави