Search

Со фалс 100 евра платиле сметка во кафеана

Двајца гостиварци платиле сметка во кафеана со фалсификувани 100 евра, утврдила полициската истрага.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Е.(24) од село Добридол  и Ч.И.(21) од село Топлица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела фалсификување пари и измама.

Според полицијата, двајцата на 2 март лани во угостителски објект во Гостивар,  платиле сметка со фалсификувана банкнота од 100 евра.

Треба да знаете
Последни објави