Search

Сменет директор на училиште во Србија кој молчел за насилство 

Директорот на средното училиште Барајево во Србија, Добривоје Јелиќ официјално е сменет, а неговата смена ја потпишал министерот за образование Младен Шарчевиќ.

Причината е непостапување по случајот со врсничко насилство за кој збори цела Србија, кога на интернет се појави снимка на која се гледа како две девојчиња (14) во дворот на средното училиште во Барајево се изживуваат врз трето девојче и удираат шамари.

„Врз основа на вонреден инспекциски надзор кој е извршен од страна на просветниот инспектор на министерството за образование, наука и технолошки развој утврдено е дека установата не спроведува мерки за безбедност и заштита на ученикот. Врз основа на тоа, стекнати се услови за разрешување на директорот на установата предвидени со одредба од член 128 од Законот за основниот систем за образование и воспитување. Во правилникот за протокол за постапување во установата директорот не преземал активности односно не ја известил надлежната школска управа за трето ниво на насилство и не основал тим кој итно би покренал постапка за решавање на проблемот со насилството“, соопштуваат во министерството за образование на Србија.

Треба да знаете
Последни објави