Skip to main content
Македонија

Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и на Стража, магла и намалена видливост до 50 метри на Плетвар

05/12/2024  19:02

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Сите патни правци во државата се проодни без забрани, застои и ограничувања.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП „Македонијапат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели. Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваат.