Search

Скубе: Самсоненко нема да биде во Вардар наредната сезона

Ракометарот на Вардар, Сташ Скубе во интервју за „Балкан-хендбол“ изјави дека Сергеј Самсоненко нема веќе да биде сопственик на клубот.

-Тешко ни е. Го сакаме ракометот но треба некако и да се преживее. Ние не сме фудбалери или кошаркари кои заработуваат милиони. По трофејот во Келн ни беше кажано дека сè ќе се среди, дека Вардар повторно ќе биде силен, но ништо од тоа не се случи. Оптимист сум и верувам дека работите ќе бидат подобри. Тие што останавме во клубот треба до крај да одиграме чесно, а потоа ќе видиме. Знаеме дека Сергеј веќе нема да биде во клубот, искрено не можам да ви кажам како ќе биде и што ќе биде следната сезона. Се надевам дека ќе се најде некој кој ќе го врати Вардар онаму каде што заслужува бидејќи Скопје живее за ракометот, изјави Скубе.

Треба да знаете
Последни објави