Search

Скриените предности на кафето по нашето здравје

Многу луѓе ширум светот не можат да го замислат почетокот на денот без кафе. Меѓутоа, возможно е да постојат скриени здравствени предности во овој чудесен напиток.

 

На пример, едно истражување укажува дека кафето може да го намали ризикот од дијабетес.

Според ова истражување, секоја дополнителна шолја кафе го намалува ризикот за 7 отсто.

Како што се чини, консумирањето на кофеин исто така помага при заштита од Паркинсонова болест. Меѓутоа, начинот на кој кофеинот дејствува во превенција на оваа болест се уште не е докажан до крај.

Интеракцијата на кафето со болести како рак е комплициран процес.

Во некои случаи ракот на црниот дроб делумно се намалувал со пиење на кафе, покажуваат истражувањата.

Кај другите видови на рак, позитивните ефекти од кафето не се толку забележливи, или едноставно ги нема.

Сепак, приказната околу влијанието на кафето на општото здравје има и своја негативна страна.

На пример, кај некои случаи е забележан пораст на ризикот од срцев удар за отприлика еден час од консумирањето на кафе, и тоа кај оние испитаници кои немаат навика за пиење на кафе, покажа едно истражување.

Без разлика на тоа, бројни опширни истражувања на оваа тема покажаа дека луѓето кои редовно пијат кафе живеат подолго.

Тоа значи дека кафето има многу повеќе влијание на нас отколку од обичното будење.

Треба да знаете
Последни објави