Search

Скопјанка прегазена од комби, сама пријавила во полиција

На 18.09.2019 во 15.20 часот во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје, E.С.(68) од Скопје пријавила дека околу 10.40 часот на улица Љубљанска во Карпош била удрена од товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки.

При тоа Е.С. добила тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави