Search

Скопјанец пронајден мртов во својата куќа во Козле, соседите не го виделе цела недела

На 01.07.2020 во 12.47 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје подолго време се шири непријатна миризба од куќа каде живеел Т.Т.(66) од Скопје, кој околу една недела не бил забележан од соседите.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде бил пронајден починат Т.Т.. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави