Search

Скопјанец превезувал 56 лица од Пакистан и Авганистан

Вчера на автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучката „Миравци“, при контрола на товарно возило со приколка, управувано од И.Д.(46) од Скопје, затекнати се 56 лица – мигранти, јави МВР.

Од нив, 54 се од Пакистан, а двајца од Авганистан.

И.Д. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против И.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави